Насоката традициски инструменти нуди квалитетна настава за ученици кои сакаат да го негуваат и продолжат богатото музичко наследство. Програмата опфаќа изучување на традиционални инструменти, развој на слухот, чувство за ритам, како и запознавање со изворната македонска музика и нејзините стилови. Учениците се подготвуваат за јавни настапи, концерти и фестивали, при што развиваат дисциплина, музикалност и почит кон традицијата, како и трајна љубов кон народната музика.